eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

YE - Diversity, Tolerance, Acceptance
     Европска гледна точка беше домаќин на младинска размена финансирана од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност која што е дел од Еразмус + програмата. Темата на Младинската размена беше „Разновидност, Прифаќање и Толеранција“, земји учесници се Грузија, Хрватска, Турција, Литванија и Македонија, а учество ќе земат 25 млади лица од овие држави.

     Учесниците имаа можност подобро да се запознаат со културата на државите учеснички во проектот и да дознаат повеќе што претставува ЕРАЗМУС + програмата и кои можности ги нуди. Главната цел во перидот од 01.12 до 10.12.2018 беше учесниците да ги разменат нивните знаења и искуства кои што ги имаат во нивните држави поврзани со оваа тема. Како младите се вклучени во подобрување на овие проблематики и какви мерки превземаат нивните држави во врска со тоа прашање. Исто така преку неформални методи на образование тие учеа многу нови начини како да се справат со таа проблематика и што можат тие да придонесат кон подобрување на оваа проблематика.

     Младинската размена се одржа во Крушево, Македонија, а учесниците со нивното присуство и активности придонесоа за поткревање на менталитето на граѓаните во таа општина преку работнилници во центарот на градот. За време на проектот, учесниците остварија и средба со Градоначалникот на Општина Крушево господин Томе Христоски кој објасната за моменталната состојба во Крушево и што Општината превзема во однос на овие теми.