eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

Документарен филм и изложба - Европските вредности на младите и културата во Битола



Во рамките наБит-фест се одржa промоција на документарен филм и изложба на фотографии.

Документарниот филм „Европските вредности на младите и културата во Битола“ ги рефлектира желбите и тенденциите на младите од Битола да бидат дел од современото европско семејство.

Документарниот филм претставува видување на европските вредности и културата на Битола низ призмата на доживеаното на другите европски метрополи во втората декада на XXI век. Според режисерот Дејан Петровски, документарецот ги изразува и рефлектира желбите и тенденциите на младите од Битола да бидат дел од современото европско семејство.

- Можноста да се патува и да се доживее Европа, значи да се биде во тек со модерните европски трендови и текови. Враќањето назад во Битола и комбинацијата на новото и традиционалното, претставува запис во континуитет на генетскиот код на европска Битола. Документарниот филм, всушност претставува видување на европските вредности и културата на Битола низ призмата на доживеаното на други европски метрополи во втората декада на 21 век. Во филмот, младите битолчани ги презентираат своите искуства од учества на некој настан во Европа, ги споделуваат со публиката но и снимените фотографии на познати европски локации со промоција на македонски симболи, вели режисерот Петровски.


Документарниот филм и изложбата со фотографии на тема „Европските вредности на младите и културата во Битола“ се културен настан се одржа во изложбениот салон „Магаза“ под покрови-телство на градоначалникот Владимир Талески. За да ја погледнете галеријата кликнететука.