eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

Проект - Ѓраѓаните и Европската Унија, подржан од Владата на Република Македонија


Во Ребулика Македонија граѓаните не се доволно запознати за процесот на интеграција во Европската Унија. Многу е важно да им се долови моментот во кој што се наоѓаме моментално и што не очекува доколку преговорите ги завршеме успешно и се приклучиме во големото семејство односно Европската Унија. Поради оваа причина, Здружението за европски интеграции „Европска Гледна Точка“, спроведува проект под името „Граѓаните и Европската Унија“.


Општата цел на проектот се однесува на запознавање на жителите на Пелагонискиот регион со функционирањето на Европската Унија, основните вредности и текот на интегративниот процес на Република Македонија во Унијата. Со реализицацијата на овој проект жителите ќе се запознаат подобро со функционирањето на Европската Унија, како и можностите за финансирање кои ги нуди Унијата за забрзување и приближување на Република Македонија кон европското семејсво.


Целна група на проектот е населението во Пелагонискиот регион.


Проектот опфаќа одржување на трибини во девет Општини (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Прилеп, Могила, Ресен, Новаци, Долнени) и ќе бидат во време траење од шест месеци, почнувајќи од јануари до јуни. Секој месец ќе има по една до две јавни трибини со тоа што ќе бидат ангажирани предавачи кои се квалитетно обучени за Европската Унија.


Преку овој проект граѓаните ќе ги запознаат можностите за финансирање и реализација на нивните идеи кои можат да придонесат за забрзување на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија,бидејќи истражувањата по Интернет покажуваат дека свеста за членството и функционирањето на Европската Унија како и важноста од пристапување на Македонија во Унијата е на многу ниско ниво.


Резултатите од пректот дополнително ќе бидат објавени на нашата веб-страна.


Проектот финансиски е подржан од Владата не Република Македонија.