eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

Проект - „Да ја запознаеме Европската Унија,подржан од Општина Битола“


Здружението за европски интеграции „Европска Гледна Точка“ Битола, во рамките на својата програма спроведи проект, насловен, „Да ја запознаеме Европската Унија“, подржан од Општина Битола. Според спроведеното истражување за тоа колку учениците од основните училишта се запознаени со ЕУ , што претставува, како функционира и некои други општи познавања, произлезе дека учениците немаат задоволителна претстава за ЕУ, при што произлезе и идејата за спроведување на ваков проект. Целите на овај проект се јасно дефинирани и тие имаат зададено приоритет за нивно делување кај учениците од основно одделение.

Целите на овај проект се:
- Поголема информираност кај учениците за Европската Унија
- Нивно мотивирање и активирање
- Меѓу себно дружење и комуницирање
- Запознавање со основни европски вредности и култури
- Можност за нивна ангажираност во други проекти
- Проверка на терен за свесноста кај младите за Европската Унија.
- Како целна група на овај проект се учениците од 8мо одделение во основните училишта во Општина Битола.


Резултатите кои што ги очекуваме после спроведувањето на проектот се:
- Активираност на учениците од основните одделениа
- Поголема информираност за Европската Унија
- Желба за понатамошна соработка
- Мотивирани ученици
- Готови изработени производи со знаменитости на Европската Унија
- Реална слика за ситуацијата кај младите генерации во однос на ова прашање.

Проектот траеше шест месеци, и опфати 12 основни училишта во Општина Битола.