eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

YE - Enviorment And Young People's Role 2
    Европска гледна точка беше домаќин на младинска размена финансирана од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност која што е дел од Еразмус + програмата. Темата на Младинската размена беше „Чекор 2 Животната средината и младите во неа“, земји учесници се Грузија, Шпанија, Словачка, Унгарија, Литванија и Македонија, а учество ќе земат 30 млади лица од овие држави.

    Учесниците имаа можност подобро да се запознаат со културата на државите учеснички во проектот и да дознаат повеќе што претставува ЕРАЗМУС + програмата и кои можности ги нуди. Главната цел во перидот од 25.10 до 02.11.2018 беше учесниците да ги разменат нивните знаења и искуства кои што ги имаат во нивните држави поврзани со оваа тема. Како младите се вклучени во заштита на животната средина и какви мерки превземаат нивните држави во врска со тоа прашање. Исто така преку неформални методи на образование тие учеа многу нови начини како да се справат со таа проблематика и што можат тие да придонесат кон подобрување на оваа проблематика.

    Младинската размена се одржа во Битола, Македонија, а учесниците со нивното присуство и активности придонесоа за поткревање на менталитето на граѓаните во таа општина преку еколошки акции во центарот на градот и работилници во ОУ „Коле Канински“.