Младинска размена во Кобулети, Грузија |
Во периодот од 05.10.2018 до 14.10.2018 година во Кобулети, Грузија се реализира младинска размена насловена “Create change” во рамките на Ерасмус + програмата. 35 млади од различни држави ( Македонија, Грузија, Aрменија, Турција, Унгарија, Литванија и Норвешка) имаа можност да присуствуваат на оваа размена и да ги развијат своите вештини преку методите на нерформално образование. Целта на проектот беше активно вклучување на младите луѓе, интеркултурно учење и личен развој за да се промовира бизнис преку искуствено учење, поттикнување на почитување, толеранција и солидарност меѓу различни социјални групи и култури. Учесниците споделуваа искуства и учеа едни од други за правењето проемни кај младите во нивните средини. Како да се мотивираат младите за поактивно учество во опшеството и тн. Освен тоа тие се запознаа и со традициите и обичаите на другите држави, култрните разлики и нивно прифакање преку интерактивни вежби, дискусии, дружење и тн. Имено младинската размена е една од многуте можности кои шти ги нуди Ерасмус + програмата и е дел од Клучната акција 1. Им дава можност да младите од 16 до 30 години да учат и разменуваат знаења преку неформално образование. Освен тоа Ерасмус + нуди и други различни можности како што се: размена на студенти, тренинг курсеви, волонтерски сервис. Главната цел е учење на различни култури и градење на заеднички европски вредности. |
Здружение за европска интеграција
Европска Гледна Точка
Association for European Integration
European View Point
Вести
- Хуманитарно едукативна акција ЦВЕТ ПО ЦВЕТ ДО ПОУБАВ СВЕТ19.04.2015
- Хуманитарна акција ТВОЕТО МАЛКУ Е НЕКОМУ МНОГУ24.12.2014
- Ротари клуб Битола-Цртаме за мир21.09.2014
- Дебата-Одржлив транспорт во Битола18.09.2014
- Во понеделник со велосипед низ Битолските улици16.09.2014