eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

Јавна Дискусија „Перспективите на младите од руралната средина за Европа“ ВО Општина Могила
    Општина Могила и Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола организираа Јавна дискусија во Општина Могила на тема: „Перспективите на младите од руралната среднина за Европа“. На дискусијата говорници беа градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска, претседателот на здружението за европска интеграција Европска гледна точка од Битола, Дејан Петровски, високиот менаџер за организација на настани и кампањи на ЕУ Инфо Центар од Скопје, Јана Петровска, како и Вон. Проф. д-р Младен Караџоски од Правен факултет – Битола.
    Градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска истакна дека младинските политики претставуваат значајна алатка во креирањето на политиката во целост и дека посебен акцент треба да се стави на младите од руралните средини. Претседателот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Мартин Николовски, истакна дека е потребно поголемо вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки, за што верува дека во иднина локалните самоуправи ќе ја продлабочат соработката со младите на ова поле. Претседателот на Европска гледна точка зборуваше за поректите и можностите што ги нуди ЕУ за младте насекаде од светот.
Од локалната самоуправа на Општина Могила истакнаа дека ваквата пракса за организација на јавни дискусии со граѓаните ќе стане пракса за во иднина, со што јавното мислење ќе биде испочитувани при донесувањето на одлуки од страна на општината.