eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

Европска унија преку ЕГТ во Новаци
    9-ти Мај не е само обичен ден, туку е и денот на Европска Унија исто познат и како ден кога е победен Фашизмот. По тој повод Европска гледна точка секоја година го одбележува овај значаен датум со различни активности и настани. Оваа година го одбележивме организирајќи и спроведувајќи обука на граѓаните од Општина Новаци за тоа што е Европска Унија, кое е значењето од неа, до каде е Македонија во процесот за Еу интеграција и кои се можностите што ги нуди Унијата.
    Оваа обука беше подржана од Општина Новаци и Советот на Општина Новаци, а во соработка со О.У. „Славко Лумбарковски“. Присутните на обуката која ја спроведуваше Дејан Петровски претседател на Европска гледна точка беа задоволни од ново наученото и ги поздравија ваквите обуки барајќи во иднина да се одржуваат повторно со нови теми, свесни за потребната од ЕУ и нашето интегрирање во неа желни се да дознаваат повеќе информации и да научат да ги користат можностите и придобивките од неа.