За нас
Здружението за европска интеграција Европска Гледна Точка (ЕГТ) - Битола, е формирано на 25.02.2014 година од страна на студенти на студиската програма Европски Интеграции и Менаџирање со Европски Проекти, при Факултетот за администрација и менаџмент на информациски систем. Стекнатото знаење од предавањата на факултет, ги мотивираше да формираат едно здружение фокусирано на Европските интеграции и европските проекти.
ЕГТ е непрофитабилно здружение кое опстанува од месечна членарина и од соработки со партнери и донации. Здружението е отворено за соработка со други организации и институции како и за примање на нови членови.
Здружението на граѓани за европска интеграција ЕГТ – Битола во рамките на својата работа ќе превзема активности во насока на промоција и поддршка на интеграциите на Република Македонија во ЕУ. Преку разменување на искуства, комуникации со членови на различни здруженија и пошироката популација, ќе се реализира запознавање на поголем број на граѓани со процесот на интеграција на РМ во ЕУ како и пишување и реализирање на ЕУ проекти.
Вести
- Хуманитарно едукативна акција ЦВЕТ ПО ЦВЕТ ДО ПОУБАВ СВЕТ19.04.2015
- Хуманитарна акција ТВОЕТО МАЛКУ Е НЕКОМУ МНОГУ24.12.2014
- Ротари клуб Битола-Цртаме за мир21.09.2014
- Дебата-Одржлив транспорт во Битола18.09.2014
- Во понеделник со велосипед низ Битолските улици16.09.2014