eng_flag mk_flag

Здружение за европска интеграција


Европска Гледна Точка



Association for European Integration


European View Point

Програма за работа на здружението за европска интеграција
ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА Битола


Здружението на граѓани за европска интеграција ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА Битола во рамките на својата работа ќе презема активности во насока на промоција и подршка на интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија, преку разменување на искуства, комуникација со членовите на здружението и пошироката популација, во врска со поголемо запознавање на граѓаните со процесот на интеграција на Р.Македонија во ЕУ.


Здружението, со цел за ефикасно, ефективно и успешно извршување на сите активности поврзани со неговата дејност ја донесува оваа Програма за работа која ги образложува видот и начинот на реализацијата на активностите.


    Програмата за работа се фокусира на:

  • Едукација на населението од сите возрасти за значењето на членството на Република Македонија во Европската Унија и европските вредности;

  • Поттикнување на иницијативи, активности и реализација на проекти кои придонесуваат за членство на Република Македонија во Европската Унија;

  • Поттикнување на иницијативи, активности и реализација на проекти кои ќе го зголемат апсорпциониот капацитет на институциите за поголемо искористување на европските фондови;

  • Истражувачко - апликативна работа и вклучување на членовите на здружението во истражувачки проекти, летни школи, семинари и сл. од различни области на ниво на Република Македонија и земјите членки на Европската Унија;

  • Организирање и учество на симпозиуми, стручни советувања, тркалезни маси, предавања, изложби, презентации и други активности и манифестации со јавен карактер кои ќе придонесат за промоција на европските вредности и членство на Република Македонија во Европската Унија;

  • Промоција на Република Македонија на меѓународни саеми, научни конференции, изложби, семинари, советувања и други настани;

  • Научни истражувања, анализи и статистики во делот на европска интеграција;

  • Доставување на предлози и сугестии до надлежните органи и организации во Република Македонија за измена и дополнување на законските прописи и другите нормативи и акти од различни области на општетсвеното живеење важни за процесот на зачленување на Република Македонија во Европската Унија;

  • Влијание врз јавното мислење во спроведувањето на законските прописи, стандарди и директиви на Европската Унија;

  • Посредување во ширењето на информации во сите насоки на државно и меѓународно ниво;

  • Соработка со сите организации и институции кои се дел од процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија;

  • Заедничко дејствување со институциите на државата на локално, регионално и национално ниво;

  • Зајакнување на капацитетите на институциите за поголема искористеност на ЕУ фондовите;

  • Издавачка дејност;

  • Организирање на настани, кампањи и специјални настани преку одбележување на значајни датуми за Република Македонија и Европската Унија;

  • Соработка со слични организации и институции во земјата и странство;

  • Социјална кохезија преку социјална и економска интеграција на маргинализирани групи и нивно вклучување во процесот на европска интеграција;

  • Придонес кон остварување интеграциска правда;

  • Вклучување и организирање во други активности кои значат зајакнување на капацитетот на граѓанското општество во Република Македонија, развој на демократијата и демократските процеси, активности од социјален и хуманитарен и заштита на животната средина и природата;